Search

Сити го победи Брајтон, Вулвс со пресврт славеа кај Борнмут

Во саботата од 16 часот во рамките на 12. коло се одиграа пет натпревари во Премиер лигата. Победи славеа Манчестер сити, Њукасл, Вулверхемптон и Брентфорд. Без победник заврши дуелот меѓу Нотингем Форест и Лутон.

По двата последователни порази, шампионот на Англија беше подобар од Брајтон со 2:1 (2:0).

Сити славеше потешко од очекувањата и покрај тоа што доминираше во првиот дел. Алварез во седмата и Халанд во 19.минута беа стрелци.

Вториот дел му припадна на Брајтон. Екипата на Де Зерби напаѓаше, но од неколкуте шанси реализираше само една, во 72.минута кога Ансу Фати го постави конечниот резултат.

Њукасл забележа уште една убедлива победа. На „Сент Џејмс Парк“, тимот на менаџерот Еди Хау го совлада Кристал Палас со 4:0 (3:0).

„Страчките“ работата ја завршија во првите 45 минути кога Џејкоб Марфи во четвртата, Ентони Гордон во 44. и Шон Лонгстаф во втората минута од судиското надополнување постигнаа три гола.

Калум Вилсон го постигна четвртиот гол во 66. минути и ја заокружи одличната партија за тимот од северна Англија.

На Островот не недостигаше драма, Вулверхемптон со пресврт славеа кај Борнмут. Во 87.минута, Австријецот Саша Калајџиќ постигна гол за 1:2.

Борнмут од 54. минута играше со десетмина бидејќи Луис Кук беше исклучен поради удирање на противникот.

Исто така, во втората минута од судиското надополнување на вториот дел, Лутон стигна до 2:2 и бод против Нотингем Форест, а стрелец беше Илајџа Адебајо.

Треба да знаете
Последни објави