Search

МТВ наградите се откажани поради ситуацијата во светот

Европските музички награди на MТВ, кои требаше да се одржат на 5 ноември во Париз, оваа година нема да се одржат.

„МТВ ЕМА се годишна глобална прослава на музиката. Додека гледаме како продолжуваат случувањата во Израел и Газа, ова не изгледа како момент за глобално славење. Ова е момент на жалост за илјадниците изгубени животи. Со нетрпение очекуваме повторно да бидеме домаќини на MТВ во ноември 2024 година“, се вели во изјавата на портпаролот на Парамунт, а пренесува списанието „Variety“.

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво од петокот вечерта, откако наставник беше убиен во училиште во францускиот град Арас, а главен осомничен е Мохамед М, кој претходно и ветил верност на Исламската држава.

Покрај тоа, аеродромите низ земјата се евакуирани во последните денови поради закани за бомби и голем број летови се откажани.

Треба да знаете
Последни објави