Search

„Хуманитарен одговор 2023” – симулациска вежба по прва помош при земјотрес во Скопје

Црвениот крст денеска во Градски парк во Скопје ќе реализира симулациска вежба по прва помош во итна ситуација–земјотрес. Вежбата за управување со последици  е насловена „Хуманитарен одговор 2023”, а се организира под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, како резултат на одбележување на 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, како и зачестените катастрофи во земјата и регионот. 

Главната цел на вежбата е да се претстават капацитетите, можностите и подготвеноста на Црвениот крст во координираниот пристап за одговор при кризни состојби.

На вежбата се очекува учество на повеќе од 500 лица, два хеликоптера и 40 возила. Ќе учествуваат институции вклучени во Системот за управување со кризи и домашни и странски тимови од Црвениот крст.

Поради изведувањето на вежбата,  улиците кон и во Градски парк ќе бидат затворени од 9:00 до 14:00 часот, како и паркингот пред  хотелот „City Park“.

Треба да знаете
Последни објави