Search

Третиот роденден на „Лајка“ прославен со изложба на удомени кучиња

По повод третиот роденден, ЈП „Лајка“ организира изложба на удомени кучиња.

„Заедно со граѓаните што удомиле куче покажавме дека и удомените кучиња се одлични домашни миленици. Во 10 прекрасни категории продефилираа 65+ кучиња на оваа изложба, сите удомени и спасени од суровите улици. Сопствениците ја раскажаа својата приказна за тоа како го спасиле сами својот удомен миленик или како се одлучиле да го удомат од ЈП ‘Лајка’ или преку здруженијата и активистите“, велат од „Лајка“.

Од тука изразија надеж дека преку овој прекрасен пример ќе ги поттикнат и другите граѓани да се одлучат да удомат, а не да купат куче.

Треба да знаете
Последни објави