Search

Израелската армија објави хуманитарна зона во југозападна Газа

Израелските одбранбени сили најавија создавање на хуманитарна зона во јужниот дел на Газа каде што ќе се обезбедува меѓународна помош. Потегот е по неколкудневни преговори со Египет, САД и други за создавање безбедна зона за напуштање на Газа.

ИДФ вели дека Палестинците треба да одат во хуманитарна зона во областа Ал-Маваси, блиску до Кан Јунис, каде што „ќе биде обезбедена меѓународна хуманитарна помош“.

Армијата, исто така, ги обновува своите повици до Палестинците во северниот дел на Појасот Газа да се евакуираат на југ, бидејќи наскоро сериозно ќе ја таргетира областа.

Војската објавува мапа на зоната. з

Треба да знаете
Последни објави