Search

Русија и Обединетите Арапски Емирати бараат итен состанок на Советот за безбедност поради нападот во болницата во Газа

Заменик постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Дмитриј Полјански, денеска соопшти дека Русија и Обединетите Арапски Емирати побарале итна седница на Советот за безбедност во врска со експлозијата во болницата во Газа, во која, според Палестинците, загинале најмалку 500 луѓе.

„Русија и Обединетите Арапски Емирати побараа итен состанок на Советот за безбедност на ОН утре, 18 октомври, поради ракетниот напад врз болницата во Газа. Да видиме како на ова ќе реагираат нашите западни колеги“, напиша Пољански на социјалната мрежа Икс (Твитер).

Палестинската милитантна група Хамас ги обвинува израелските одбранбени сили (ИД) дека се одговорни за нападот врз болницата, додека ИД вели дека експлозијата била предизвикана од неуспешно лансирање ракета од страна на Исламскиот џихад

Треба да знаете
Последни објави