Search

Официјално: Џевахир е новиот сопственик на ФК Работнички

Македонскиот прволигаш и расадник на таленти, ФК Работнички и официјално добива голем и сериозен спонзор.

Се работи за турската компанија Џевахир, која го купи клубот на Берза, а акциите на дебармаалци ги плати дури 24 пати поскапо во однос на номиналната цена.

Една акција на скопскиот клуб е продадена за 2.400 евра иако нејзината номинална вредност била проценета на 100 евра што е своевиден рекорд и што значи дека новиот сопственик го купил Работнички за вкупна сума од 600.000 евра.

Групацијата Џевахир има големи амбиции со Работнички, нивните планови се клубот експресно да се врати во врвот на македонскиот фудбал, да станат конкурентни за шампионската титула и повторно да играат, но и да се натпреваруваат во европските натпреварувања, со крајна цел учество во групната фаза на некои од европските купови.

„Романтичарите“ од Дебар Маало последните сезони се далеку од врвот, а во последната сезона голем дел од натпреварите воопшто не ги играа на Националната Арена или популарниот Градски, па со преземањето од новиот сопственик, првите најави се дека клубот повротно ќе се врати на најголемиот стадион.

Треба да знаете
Последни објави