Search

Маричиќ: Моите карпошани се обединети околу европскиот фронт

Карпошани сакаат европски квалитет на живот и европски животен стандард.

Со моите сограѓани имавме одлична дискусија за иднината на државата и се согласивме дека ЕУ е нашата единствена алтернатива.

Граѓаните ги очекуваат придобивките од пристапните преговори и членството во ЕУ, кога платите во првите пет години би пораснале од 70% до 100%.

Ако #СДСМ успеа за краток период да ја зголеми двојно минималната плата на 20.000 денари, просечната плата на 37.000 денари и просечната пензија да ја зголеми за 40%, со членство во ЕУ платите и пензиите значително ќе се зголемат.

Моите карпошани се обединети околу Европскиот фронт и се против блокади и изолација.

#СДСМ работи Северна Македонија да продолжи на европскиот пат и да одиме напред, сакаме стабилност и просперитет и во тоа заедно ќе успееме со граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави