Search

Израелската армија: Се подготвуваме за следната фаза, можеби нема да има копнена офанзива

Израелската војска се подготвува за следната фаза од својата офанзива против Газа, но плановите можеби нема да ги оправдаат високите очекувања, изјави портпаролот.

Претходно, ИДФ соопшти дека нивните сили „ќе ја зголемат оперативната подготвеност за следните фази од војната, со акцент на значајните копнени операции“.

Но, сега, потполковникот Ричард Хехт се чини дека малку се повлече: „Се подготвуваме за следните фази од војната. Не кажавме што ќе бидат тие. Сите зборуваат за копнена офанзива. Може да биде нешто поинаку“.

Треба да знаете
Последни објави