Search

Белгија: ЕУ повторно да се фокусира на мигрантската криза

Фаталниот терористички напад на Тунижанец, во кој загинаа двајца шведски навивачи во Брисел, ја поттикна Белгија денеска да го објави новиот фокус на Брисел во ЕУ кога ќе ја преземе улогата на претседател на Унијата во јануари, пренесоа агенциите.

Имено, Белгија најави дека ќе се фокусира на борбата против илегалната миграција и дека има за цел да ги повика и другите членки на Европската унија да се приклучат на нејзините напори.

Осомничениот, кој беше убиен од полицијата, останал во Белгија илегално по неуспешното барање за азил. Белгискиот премиер Александар Де Кру истакна дека сторителот на злосторството врз двајца шведски навивачи и е познат на полицијата, но дека тој не е на списокот за набљудување на 700 осомничени терористи.

„За оние чие барање за азил е одбиено, ние апсолутно мораме да бидеме способни да организираме депортација“, изјави Никол де Мур, белгискиот државен секретар за азил и миграција, на новинарите денеска во Брисел. „Мораме да застанеме рамо до рамо во ова, не само во Белгија, туку и во ЕУ, бидејќи со 27 земји можеме да постигнеме многу повеќе“.

„Мораме да бидеме искрени, она што најчесто тргнува наопаку во нашите напори за депортација е односот со земјите на потекло. Особено во голем број земји, вклучително и Тунис, земјите мора да прифатат враќање на своите граѓани“, рече Де Мур.

Таа додаде дека ќе биде нејзин „апсолутен приоритет“ кога Белгија ќе го преземе шестмесечното ротирачко претседавање со ЕУ во јануари.

Оваа година ЕУ регистрираше повеќе од 250.000 нерегуларни гранични премини, а има 600.000 барања за азил што чекаат, објави еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.

Треба да знаете
Последни објави