Search

Распишан нов јавен повик за набавка на педигриран добиток со поддршка до 10 милиони денари по корисник

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сточарите дека Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР го распиша јавниот повик за мерката 121.1 поддршка за набавка на педигриран добиток.

Поддршката од оваа мерка се однесува за набавка на високостелни педигрирани јуници за млеко, месо и комбинирани млеко-месо и месо-млеко, со исклучок на расата Буша, потоа набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла овци и набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла кози.

Како корисници на оваа мерка се јавуваат земјоделските стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 10 милиони денари, што претставува поврат на направената инвестиција од 50% – 75%.Рокот за аплицирање е до 16 ноември 2023 година, а аплицирањето за оваа мерка се врши по електронски пат, односно сите заинтересирани ќе треба да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за инвестицијата и да ги прикачат сите потребни документи преку порталот e-baranje.ipardpa.gov.mk.

Треба да знаете
Последни објави