Search

Битиќи: Утре на владина седница ќе дадеме предлог законско решение за корекција на покачените плати на функционерите и именуваните лица

На утрешната владина седница ќе биде доставен предлог законско решение за корекција на платите на функционерите и именуваните лица.

Ова вечерва го најави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето на Телевизија 24.

Откако Уставниот суд укина два члена, платите на функционерите пораснаа за 78 проценти.

Владата од тој момент работеше на законско решение со кое ќе се корегираат платите и кое според најавите на вицепремиерот наскоро ќе биде во процедура на носење.

Треба да знаете
Последни објави