Search

Изложба за нерасни кучиња по повод светскиот ден на животните и роденденот на ЈП Лајка

Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи изложба за нерасни кучиња по повод светскиот ден на животните и 3-тиот роденден на ЈП Лајка.  

На изложбата се пријавени 70-тина вдомени кучиња од сите големини, форми и карактери. Мотото на настанот е „Вдоми не купувај“, а целта е споделување на успешни приказни со вдомени кучиња. 

– Преку овој настан сакаме да покажеме дека секое куче е убаво без оглед на неговата раса, да поттикнеме одговорно сопствеништво, да покажеме дека сите кучиња се убави и дека богатството кое го носи секое куче во себе може да биде голем плус во секое семејство и во секој дом, соопштија од ЈП Лајка.

Кучињата ќе се натпреваруваат во десет категории и за секоја категорија ќе има прво, второ и трето место за кои ќе поделиме вредни награди од спонзорите на овој настан.

Треба да знаете
Последни објави