Search

Кој сѐ и сврте грб на Данела Арсовска?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не престанува со разрешување на директори под нејзина надлежност. 

Последното разрешување е на директорката на ЈП Комунална Хигиена Скопје, Косана Мазнева Николиќ за која Арсовска пред само неколку месеци имаше пофални зборови за нејзиното менаџирање со тоа јавно претпријатие. 

Со кого сѐ се скара Арсовска во двете години од мандатот?

Долга е листата на функционери во Градот, но и на политички субјкети, кои на Арсовска и го свртеа грбот.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се скараа со неа заради тендерот за пречистителната станица во Скопје, за кој Арсовска ги обвинуваше дека биле фатени со „рачињата во медот“.

Потоа следуваше смена на сите директори од ВМРО-ДПМНЕ, но некако изненадувачки, директно од кабинетот на Мицкоски, за директорка на Комунална Хигиена дојде Мазнева – Николиќ, за на крајот да биде разрешена по нешо повеќе од една година директорување.

Но и без кадри од ВМРО-ДПМНЕ, на Арсовска никако не и се погодуваат директорите. 

ЈП Водовод и канализација, ЈП Градски Паркинг, Зоолошка градина, се само дел од институциите каде Арсовска смени и по четири до пет директори за помалку од две години. 

Во сите установи и претпријатија под надлежност на Арсовска сменети се над 35 директори, а пред неколку денови се уште беа отворени огласи за нови директори во МКЦ, ЈСП и Градски Паркинг.

Арсовска нема никаква соработка со градоначалниците на скопските општини, нема соработка со советниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а последно од неа разочарување искажаа и советниците од Зелен хуман град. 

Единствени кои се константи во соработката со Арсовска се Левица чии директори на Градската библиотека Браќа Миладиновци и Културно информативниот центар се на своите позиции од самиот мандат на Арсовска. 

Треба да знаете
Последни објави