Search

Иран може да го казни Роналдо со 99 удари со камшик за „прељуба“

Иранските адвокати поднесоа обвинение против португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо затоа што ја прегрнал сликарката Фатима Амам, бидејќи гушкањето невенчана жена во Иран се смета за прељуба.

Според шпанскиот весник Марка, иранското правосудство наводно би можело да го казни Роналдо со 99 удари со камшик кога следниот пат ќе го посети Иран, иако казната може да биде намалена доколку Роналдо „покаже каење“. Иранското правосудство покрена обвинение откако Роналдо во септември го посети Техеран кога играше со својот тим Сауди Ал-Наср против техеранскиот клуб Персеполис во азиската Лига на шампиони.

Во рамките на таа посета, Роналдо ја посети сликарката со хендикеп Фатима Хама, на која и подари дрес со неговиот потпис, ја прегрна и ја бакна во чело во знак на благодарност што му подари две нејзини платна кои ги наслика со нејзините стапала. .

Треба да знаете
Последни објави