Search

Финска: Полицијата истражува саботажа на гасоводот

Финската полиција соопшти дека покренала кривична истрага за можна саботажа на подводниот гасовод меѓу Финска и Естонија, кој беше затворен во текот на викендот по истекување.

Финското Национално биро за истраги (НБИ) вчера соопшти дека почнало да собира докази на локацијата на истекувањето, кое беше откриено во неделата во економската зона на Финска на гасоводот Балтиконектор што ги поврзува двата сојузници на НАТО, пренесе АП.

Финска не може да ја исклучи можноста дека „државен актер“ бил вмешан во оштетувањето на гасоводот Балтиконектор и на паралелниот телекомуникациски кабел, изјави директорот на финското безбедносно разузнавање Анти Пелтари, пренесе „Ројтерс“.

Целта на истрагата е да се утврди дали гасоводот Балтиконектор е оштетен намерно или случајно и кој го оштетил.

Финските власти веќе ја отфрлија можноста за оперативна несреќа, велејќи дека штетата е предизвикана од надворешна активност.

Истакнувајќи дека анализата е сè уште во рана фаза, НБИ соопшти дека се откриени траги на морското дно во близина на истекувањето, без да наведат детали.

Треба да знаете
Последни објави