Search

Путин во Киргистан, на првото патување во странство по налогот на Меѓународниот кривичен суд

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во посета на Киргистан, објавија новинските агенции на двете земји, што е прво познато патување на руски лидер во странство откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење.

Путин ретко ја напушта Русија од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година и не е познато дека патувал надвор од земјата откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење во март под сомнение дека незаконски депортирал стотици деца од Украина. Кремљ ги негира ваквите обвинувања.

Рускиот претседател во текот на денот треба да разговара со својот киргистански колега Садир Јапаров и да учествува во петок на самитот на лидерите на Комонвелтот на независни држави, кој обединува неколку поранешни советски републики.

„На покана на киргистанскиот претседател Садир Јапаров, на 12 октомври во официјална посета на земјата ќе дојде претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин“, објави претходно на својата веб-страница киргистанската претседателска администрација.

Треба да знаете
Последни објави