Search

Разузнавањето на САД не нашло докази за директна вклученост на Иран во нападите на Хамас 

Американските шпионски агенции досега не добиле разузнавачки информации за директна улога на Иран во терористичките напади на Хамас против Израел во кој загинаа стотици, изјави синоќа Џејк Саливан, советник за национална безбедност на Белата куќа. 

Претходно, слично укажа и портпарлот на Стејт департментот Метју Милер и други службеници брифирани за разузнавањето.  

Иран со години испраќа помош на Хамас, официјални лица велат дека нема докази што упатуват на негова директна вклученост во бруталните напади што започнаа во саботата. 

– Кажавме уште на почетокот. Иран е соучесник во овие напади во поширока смисла бидејќи тие обезбедуваа најголем дел од финансирањето на военото крило на Хамас, обезбедуваа вежби, обезбедуваа капацитети, изјави Саливан. 

Тој додаде дека „САД немаат информација дека Иран знаел однапред за овој напад, го помагал или го координирал“.  

Саливан рече дека САД разговараат со официјални лица на Израел за иранската улога и ги „чешлаат постоечките разузнавачки резерви за некакви пропуштени сигнали“. 

Треба да знаете
Последни објави