Search

Промовирана новата политичка партија „Движење за наша Македонија-ЗНАМ“

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, вечерва во Скопје ја промовира новата политичка партија „Движење за наша Македонија-ЗНАМ“. Новиот политички субјект доаѓа на сцената откако беше потпишана иницијативата за формирање на партијата од претставниците на 10 граѓански здруженија.

Онлајн обраќање пред присутните имаше писателот Венко Андоновски, а од говорницата им се обрати професорката Катерина Тодоровска, како и генерал мајорот во пензија Павле Арсовски.

Лидерот Димитриевски, во своето обраќање порача дека Македонија не треба да биде приватна држава во сопственост на поединци, па затоа ќе се залага за департизација на сите институции.

Треба да знаете
Последни објави