Search

Џејми Оливер тврди дека би избрал живот во анонимност наместо слава, кога би имал шанса да се врати и да ги прави работите повторно

Џејми Оливер во подкастот „Повторно млад“ изјави дека би избрал живот во анонимност наместо слава, ако му се даде шанса да се врати и да ги прави работите повторно.

Во подкастот во разговорот со Оливер за неговото брзо искачување до слава на само 23 години, што се случи по објавувањето на неговата емисија за готвење „Голиот готвач“на Би-Би-Си тој беше запрашан:  „Да можеш да се вратиш назад, не би го направил тоа?

„Дефинитивно“, одговори Оливер. Ако се вратам на Земјата и се вратам повторно, би отишол да го водам пабот на моите родители и би имал нормален живот и би бил свесен дека анонимноста е нашиот најголем подарок на кој никогаш нема да му дадеме никаква вредност.

Оливер е среќно женет со Џулс со која се запознале кога имале 17 години и оттогаш се заедно. Заедно имаат пет деца.

Империјата на Оливер, која вклучува ТВ емисии, книги со рецепти, брендирани производи и неколку профитабилни партнерства, заедно со неговите бројни ресторани ширум светот, остварија профит пред оданочување од 7,7 милиони фунти во 2022 година. Ова беше зголемување од 17,5 отсто во однос на претходната година.

Продажбата на „Школата за готвење Џејми Оливер“, која нуди часови за готвење во Лондон и онлајн, исто така порасна за повеќе од една третина минатата година.

Во услови на враќање во угостителската индустрија по крајот на време на пандемијата, Оливер, исто така, го најави лансирањето на нов ресторан на улицата Кетрин во Лондон, што е планирано да се отвори во ноември.

Минатиот месец, Оливер побара помош од владата за повеќе бесплатни училишни оброци, повикувајќи ги „да го стават здравјето на децата на прво место“ и да ги прошират критериумите за подобност.

Според сегашните правила, само децата од домаќинствата со приход под 7.400 фунти – по оданочување и бенефиции – имаат право на бесплатен училишен оброк.

Треба да знаете
Последни објави