Search

Како да заштедите струја при замрзнување храна

Со замрзнување на храната го скратуваме времето на подготовка на оброкот, а воедно ги задржуваме сите хранливи својства на храната. Но, познато е дека замрзнувачот е голем потрошувач на струја.

Со следните трикови ќе заштедите струја, а замрзнувачот ќе работи на оптимална температура:

Околината е важна

Ставете го замрзнувачот на најстуденото место во куќата или станот (не во близина на шпорети, радијатори или бојлери) и подалеку од директна сончева светлина. Поладен простор значи поголема заштеда на енергија – секој степен понизок ја намалува потрошувачката на електрична енергија до 6 проценти.

Повисока температура

Стандардна температура за складирање на замрзната храна е -18 степени Целзиусови, а ако ја поставите температурата за 1 степен пониска, ќе ја намалите потрошувачката на енергија и до 5 проценти.

Замрзнете ја храната што е можно поладна

Не ставајте топла или млака храна во фрижидер или замрзнувач. Пред да ја замрзнете храната, изладете ја на собна температура, потоа во фрижидер и дури потоа ставете ја во замрзнувач.

Полн замрзнувач троши помалку

Колку помалку храна имате во замрзнувачот, толку повеќе електрична енергија се троши. Ако имате полупразен замрзнувач, ставете неколку пластични шишиња со вода во него за да ја намалите потрошувачката на електрична енергија.

Не отворајте ја вратата

Во случај на прекин на струја, никогаш не отворајте ја вратата на замрзнувачот. Решете го проблемот што е можно поскоро, а вашиот замрзнувач сепак ќе одржува ниска температура до 24 часа.

Помош во фрижидерот

Замрзнатата храна одмрзнете ја прво во фрижидер, бидејќи на тој начин замрзнатата храна за време на одмрзнувањето бесплатно ја лади другата храна во неа, што ја намалува и потрошувачката.

Треба да знаете
Последни објави