Search

ЕУ сака земјите да го поттикнат враќањето на старите мобилни телефони и лаптопи: Тие се полни со скапоцени материјали

Европската комисија во петокот препорача земјите-членки да го охрабрат враќањето на старите и користени мобилни телефони, таблети, лаптопи и полначи, што ќе придонесе за зајакнување на циркуларната економија.

Многу малку стари електронски уреди се собрани во Европската унија. Се проценува дека во фиоките на европските домаќинства има околу 700 милиони стари мобилни телефони.

Мобилните телефони се полни со скапоцени материјали, кои се сметаат за критични суровини, како што се ретки метали, кобалт, индиум, тантал, галиум и благородни метали.

„Повеќе од 700 милиони стари мобилни телефони се во нашите фиоки, речиси два по глава на жител. Граѓаните не знаат што да прават со нив“, рече комесарот за животна средина Вирџинијус Синкевичиус.

Тој рече дека треба да се преземат чекори за полесно да се вратат тие уреди и да се рециклираат.

Меѓу другото, комисијата препорачува финансиски да се поттикне враќањето на овие уреди, враќањето да се овозможи по пошта со ставање на располагање коверти со при-пејд поштарина, да се зголеми видливоста на местата за прикачување на стари електронски уреди и граѓаните да им биде објасетои како безбедно да ги избришете податоците од уредит.

Преку својот Зелен план, ЕУ се обидува да го напушти пристапот „земи-произведи-фрли“, и да премине кон јаглеродно неутрална, еколошки одржлива, нетоксична и целосно кружна економија до 2050 година.

Треба да знаете
Последни објави