Search

Македонија има скок од 80 места на Репортери без граници, ВМРО-ДПМНЕ со празни слогани за медиумски слободи

Додека ВМРО-ДПМНЕ во 2023 година мисли дека граѓаните и новинарите заборавија што значи нивното владеење за слободата на медиумите, меѓународните индекси ја откриваат вистината. Во 2016 година, последната година од владеењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, земјава се наоѓаше на 118 позиција на индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници, додека денес е на 38 позиција.

Овој скок од 80 места, што значи вистинско згоелмување на слободата на медиумите и овозможувањето средина во која новинарите можат слободно да известуваат без да се плашат да го изгубат работното место и без да се грижат за својата безбедност е препознен од сите, освен од ВМРО-ДПМНЕ.

Како дел од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, „Важно е“, опозициската партија излезе со слоган „Важно е медиумите да се слободни“, обидувајќи се да ги извртат фактите за тоа што значи нивното владеење за слободата на медиумите.

Во извештајот на Репортери без граници за 2016 година беше истакнато дека владата го користела државното рекламирање за да ги контролира и задушува медиумите. Ваквите податоци покажуваат дека слободата на медиумите не била и не е важна за ВМРО-ДПМНЕ и дека нивната кампања е базирана на празни флоскули во обид за добивање на ситни политички поени.

Периодот кој следеше по 2016 година и ослободувањето од режимот на ВМРО-ДПМНЕ донесе средина во која медиумите и новинарите можат слободно да работат, без да се плашат за својата безбедност и сигурноста на работата која ја имаат.

Треба да знаете
Последни објави