Search

Заедничката фотографија од средбата во Тирана без Дачиќ поради знамето на Косово

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска одби да се фотографира со останатите учесници на министерскиот состанок на Берлинскиот процес во Тирана, пренесе Бета.

Еуроњуз Албанија (Euronews.al) јави дека Дачиќ го нема на заедничката фотографија поради косовското знаме, кое како и другите знамиња беше во позадина, зад учесниците на состанокот, меѓу кои беа шефовите на дипломатиите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Северна Македонија, германската министерка Аналена Бербок и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји.

На денешната средба, покрај министрите од регионот, Бербок и Вархеји, учествуваа и претставници на повеќе членки на ЕУ – Австрија, Грција, Унгарија, Шпанија, Холандија и Романија, како и на Советот за регионална соработка (СРС) и на Регионалната канцеларија за соработка на млади (RYCO).

Берлинскиот процес е дипломатска иницијатива на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која беше иницирана во 2014 година со цел да се поддржи мирна, стабилна и демократска иднина на Западен Балкан, за подобрување на регионалната соработка и европската интеграција на регионот.

Треба да знаете
Последни објави