Search

Спасовски: „Детска недела” во Одделенијата за внатрешни работи во Берово и Радовиш

Денеска, ОВР Радовиш и ОВР Берово беа посетени од страна на дечиња од Јавната општинска установа – детска градинка „Ацо Караманов“, објект „Цветови“ од Радовиш, како и Детската градинка „23 Август“ од Берово, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на неговите профили на социјалните мрежи.

„Безбедноста во сообраќајот и работните обврски на полициските службеници во фокусот на најмладите. Во текот на посетата најмладите беа запознаени со работните обврски на полицискиот службеник, како и со дел од опремата и возилата кои ги користат полициските службеници при секојдневното работење. Можноста беше искористена и за куса сообраќајна едукација на децата од областа на сообраќајните прописи при минување на улица пеш или со велосипед, при движење по тротоар.

А, за оние најљубопитните кои што искажуваа желба дека сакаат еден ден да станат полициски службеници, им беше порачано дека е неопходно да се посветат на образованието и да се стекнат со знаења за да можат да си ги остварат желбите“ стои во објавата.

Треба да знаете
Последни објави