Search

Администрацијата на Бајден отпишува девет милијарди долари студентски кредити за 125.000 Американци 

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска соопшти дека отпишува девет милијарди долари студентски кредити на 125.000 зајмувачи, чекорот доаѓа откако отплаќањето на студентските кредити се реактивира овој месец по пауза од повеќе од три години поради Ковид-19 пандемијата. 

Простувањето на долговите е дел од напорите на Белата куќа да отпише дел од овие кредити, откако Врховиот суд во јуни пресуди за реактивирање на исплатите.  

Планот на администрацијата беше да отпише најмногу до 20.000 долари студентски кредити на повеќе од 40 милиони зајмувачи. 

Со најновиот план, администрацијата се фокусира на други методи за опростување на студентските долгови како одредување на висината на исплата на долговите зависно од заработувачката. Како и дриектно отпишување на долгот за квалификувани зајмувачи. 

Во меѓувреме, со тоа што овој месец милиони студенти треба да продолжат со исплата на земените кредити, има извештаи за долго процесирање а сервисот нема доволно претставници да одговори на повиците.  

Со најновата иницијатива, простување на долговите можат да добијат државните службеници, оние со ниска плата и лицата со посебни потреби.

Треба да знаете
Последни објави