Search

Колку македонски граѓани секоја година добиваат зелена карта за Америка?

Денеска започна процесот за пријавување за лотаријата за зелена карта за САД, што е пракса секоја година на оваа држава, да им додели трајно жителство на 50.000 граѓани од целиот свет. 

„Зелените карти“ се премногу малку во споредба со апликациите што секоја година се испраќаат а чиј број се движи помеѓу шест и осум милиони апликации. 

Од програмата за зелена карта порачуваат дека нема никакво правило за тоа кој ќе биде добитник, дека целиот процес е сведен на проста лотарија, но додаваат дека заради фер пристап и заради поголема разноликост, сепак има одредени квоти за континенти, но и држави. 

Колку македонски граѓани биле среќни во изминатите години и биле извлечени преку лотаријата проверивме на сајт специјализиран за оваа тематика. 

Таму може да се забележи дека во изминативе неколку години, на секоја лотарија во просек околу 250 македонски граѓани добивале зелена карта за САД.

Минатата година од Македонија биле извлечени вкупно 258 граѓани, идентичен бил бројот и годината предходно, додека во 2020 година, бројот бил нешо поголем и изнесувал 293 лица. 

Тоа не се занемарливи бројки, ако нашата држава се спореди со регионот. А таму убедливо на прво место се граѓаните на Албанија, со 2667 доделени зелени карти на последната лотарија. 

Пред Македонија е и Косово со 463 доделени визи, додека зад нас се Србија со 186, Бугарија со 142, додека најмалку доделени зелени карти добиле граѓаните на Грција, само 66.

Бројките се слични и за претходните години, а во нашата држава се уште е голем интересот за лотаријата, па на оние што ќе аплицираат, им посакуваме многу среќа. 

Треба да знаете
Последни објави