Search

Мексико: Синовите на Ел Чапо наводно забраниле производство на фентанил во Синалоа

Моќната фракција на картелот Синалоа, предводена од синовите на поранешниот мексикански наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, го забранила производството и продажбата на фентанил во мексиканската држава Синалоа, според транспарентите што се појавија низ целата земја.

Тие се потпишани со „Лос Чапитос“, браќата кои ја презедоа криминалната империја на нивниот татко по екстрадицијата на Гузман во САД во 2017 година.

„Продажба, производство, транспорт или каков било какви работи кои вклучуваат супстанца позната како фентанил се строго забранети во Синалоа“, пишува на транспарентите, пренесува Ројтерс.

Натписите се појавија во време кога американските власти го зголемуваат притисокот врз Мексико да преземе мерки против криминалните групи вклучени во производството на фентанил, наведува британската агенција.

Оваа година, американската влада го обвини „Лос Чапитос“ дека е главен снабдувач на фентанил во САД.

Истражувачкиот медиум „Риодоче“ во јули објави дека криминалната група им рекла на производителите во градот Кулијакан да престанат да произведуваат фентанил.

Набргу потоа, беа откриени тела на мажи кои биле мачени и врз нив биле фрлени апчиња фентанил, како очигледен сигнал за другите.

Треба да знаете
Последни објави