Search

Мицкоски ги просветли ветераните: Не ковал светот заговор против ВМРО-ДПМНЕ туку Европа била во заблуда

Христијан Мицкоски со денешниот настап пред Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ одново ретерираше од некои негови претходни ставови. 

Mицкоски одново е контра Мицкоски. 

Пред само десеттина денови, Мицкоски исто така на партиски настан порача дека светот и Европа ковале заговори против ВМРО-ДПМНЕ и против него лично, а денес тој ја сврте плочата. 

Денес, Мицкоски тврди дека Европа била доведена во заблуда од бугарските интерси и во заложништво од руските политики. 

Мицкоски во своето обраќање упати порака дека ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш била прозападна партија, но во јавноста уште се свежи сеќавањата дека тој беше единствениот политичар кој во Собранието не аплаудираше кога Македонија стана 30та земја членка на НАТО. 

И додека Мицкоски го убедува своето членство дека ВМРО-ДПМНЕ е за ЕУ и НАТО, во Собранието токму неговата партија е главен кочничар на уставните измени кои се предуслов за отворање на првите поглавја со ЕУ. 

Очигледно е дека конфликтот на Мицкоски со Никола Груевски рефлектира и во наративот на атуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, па така, она што пред неколку денови беше  „Светот кова заговор против ВМРО-ДПМНЕ“ денес е „Европа е во заблуда“.

Треба да знаете
Последни објави