Search

Хајдук вторпат сезонава го совлада Динамо

Хајдук го совлада повеќекратниот хрватски фудбалски првак Динамо Загреб (1-0) во дербито од 10. коло во првата хрватска лига. Сплитските „бели“ се решени зеонава да го симната Динамо од тронот во хрватскиот фудбал, а најдобар доказ за тоа е што Хајдук вторпат сезонава го победува вечниот ривал.

Решавачкиот момент се случи во 59 минута кога по топката која ја испрати Лучиќ, акцијата ја продолжи македонскиот репрезентативец Александар Трајковски кој со глава му создаде гол-позиција на Емир Сахити кој стрелаше неодбранливо за ерпупција на „Пољуд“.

Ова за некогашниот играч на Работнички е втор сезонски гол, додека пак за Трајковски кој неодмна пристигна во Сплит е прва асистенција во новата средина.

Кај гостите половина час одигра искусниот повратник во клубот од „Максимир“ Аријан Адеми, а Стефан Ристовски поради повреда не беше во комбинација.

Треба да знаете
Последни објави