Search

Уапсен осомничениот за убиството во Хром

Оперативните тимови за потраги на подрачјето на скопската населба Влае денеска го уапсиле осомничениот за убиството во зградата на улица „Исаија Маџовски“. Осомниченото лице за убиството денеска во 14.10 часот е забележано во близина на  мостот “Обединети Нации” и при обид за бегство е фатено и  приведено во полициска станица, по што ќе биде изведено пред надлежен судија.

По него беше распишана потерница, а во текот на вчерашниот дена беше поднесена и кривична пријава по брза постапка за извршени две кривични дела, „убиство“ и „тешки дела против општата сигурност“, информира МВР.

Вчера беше уапсена и неговата мајка, која, како што објави Обвинителство, зела пластично шише и отишла до најблиската бензинска пумпа, купила литар и пол гориво и во соизвршителство со синот подметнале пожар со намера да ги прикријат трагите за извршеното свирепо убиство.

Треба да знаете
Последни објави