Search

Рома им се врати на победите

Рома со одлична игра ги освои бодовите против Фросиноне (2:0) во 7. коло од италијанската фудбалска Серија А. Победата ја најави Ромелу Лукаку во 22. минута со четвртиот погодок во шестиот меч во дресот на „волчицата“, кој по малку чудно не го славеше, а причина за тоа е што не бил сигурен дека погодокот бил регуларен се додека не доби потврда од ВАР собата. Дилемите околу победникот ги реши Пелегрини во 83. минута по асистенција на Дибала.

Пред крајот на мечот имаше невообичаена ситуација, кога лекарска помош му беше укажана на главниот судија, кој подолго време лежеше на тревата со истегнат мускул.

За Рома ова беше втор триумф во седмиот меч сезоната во италијанската елита, заедно со три порази и две нерешени средби, за вкупно осум бодови и пласман на 12. позиција. Фросиноне и покрај поразот е за две места подобропласиран и тоа со еден бод повеќе.

Треба да знаете
Последни објави