Search

Рама побара Европа да ја поддржи Турција во борбата против тероризмот

Албанскиот премиер Еди Рама го осуди терористичкиот напад во Анкара, што се случи утринава и побара Европа да ја поддржи Турција во борбата против тероризмот.

-Терористичкиот напад во Истанбул е одвратен чин на кукавичлук што Албанија остро го осудува. Тој треба да им помогне на многумина во Европа подобро да ја разберат и поддржат Турција во нејзината борба против тероризмот,  напиша Рама во објава на Твитер.

Освен Рама, реагираше и министерот за Европа и надворешни работи,  Игли Хасани.

-Загрижен од веста за нападот во Анкара. Албанија е во целосна солидарност со Турција и ги осудува сите форми на тероризам, пишува тој. 

Треба да знаете
Последни објави