Search

За 10 дена затворени 10 маркети, издадени казни од над еден милион евра

Од 19 септември до денес, направени се над 550 надзори, издадени се 32 налози – казни во висина од 6.320.000 денари. Казните се издадени за непочитувње на Одлуката, но и за примена на нечесни трговски практики за што постапуваме по Закон за заштита на потрошувачи. Затворени се 10 маркети во Скопје, Куманово, Кичево, Гостивар, Кавадарци, Тетово, Струга, објави денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.

„Во изминатите 10 дена сите ние се уверивме дека секој оној кој нема да ја почитува владината мерка ќе биде казнет, а секој оној кој ќе применува нечесни трговски практики ќе биде затворен и тука нема за никого компромис. Така ќе биде и во иднина. Нема да има компромис и ќе биде казнет секој што не ги почитува мерките и одлуките на Владата“ порача Траковски додавајќи дека им се заблагодарува на граѓаните кои пријавувале неправилности до ДПИ.

Директорот на пазарна, упати апел и до нерегестрираните трговци, што побрзо да се регистрираат и на тој начин да избегнат казни, но и одземање на роба.

„Апелирам до сите нетергестрирани трговци да извршат регистрација најдоцна до 15 октомври. Потоа ќе следуваат засилени контроли, а ако се забележи трговец кој врши дејност нерегистриран, ќе има казни и ќе се одзема и робата која што ја има. Прво, не е во ред, во денешно време, да се биде нерегестриран, а не е ни фер кон оние кои редовно си плаќаат данок кон државата и сите дополнителни давачки кои произлегуваат од вршење на дејност. Сите заедно треба да функционираме и да градиме правичен систем во нашата држава, а оние кои не сакаат да бидат дел од тој систем ќе бидат казнети без селекција и без компромис по сите закони по кои постапува пазарниот инспекторат“ објави Трајковски на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави