Search

Вучиќ: За независноста на Косово можете само да сонувате

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на Инстаграм објави видео во кое вели дека најтешката недела во последните 15 години е зад Србија, но дека Белград никогаш нема да ја признае независноста на Косово.

-Почитувани граѓани, седум тешки денови се зад нас, најтешките во последните 15 години. Најтешките поради настаните на Косово и Метохија и кампањата започната против нашата Србија, кампањата на лаги и невистини. Како што вели нашиот народ, не паѓа снег за да го покрие брегот, туку секоја ѕверка да ја покаже трагата. Можеше да се види дека пријателите на Србија не се многубројни, но се храбри. Тоа се луѓе кои достоинствено го штитат и поредокот на ОН и правото малите на својот глас. Правото на живот и опстанок на малите народи. Исто така, бевме соочени со најтешките можни притисоци. Еден принцип важи за сите други, односно тој принцип одеднаш веќе не важи само за еден, а тоа се Србите“, вели Вучиќ во видео пораката.

Претседателот на Србија тврди дека претходните денови биле кажани многу лаги за присуството на српските воени сили и дека Србија сака мир.

-И можете само да сонувате за независноста на Косово. Србија ќе ја заштити Повелбата на Обединетите нации, Србија ќе ја заштити резолуцијата 1244, Србија ќе го заштити својот територијален интегритет. Да живее Србија, Србија ќе победи, порача Вучиќ на Инстаграм, нагласувајќи ја уште еднаш својата добро позната реторика.

Треба да знаете
Последни објави