Search

Атлетико му даде два гола предност на Кадиз и го победи

Атлетико Мадрид по триумфот во градското дерби изминатиот викенд против големиот Реал (3:1) прокнижи нови три бода, пак на домашен терен, овој пат против Кадиз (3:2) во рамките на 8. коло од шпанската фудбалска Ла Лига. „Јорганџиите“по нецел половина час игра имааа негатива од два гола. Лукас Пирес во 12. минута и Марти во 27. минута им приредија шок на навивачите на Атлетикот.

Избраниците на тренерот Диего Симеоне брзо се освестија, па до крајот на првото полувреме преку Кореа во 32. минута ја намалија негатива, а во вториот дел од мечот го комплетираа целосниот пресврт. Молина изедначи само што почна второто полувреме, а Кореа со својот втор погодок во 66. минута го постави конечниот резултат.

Во вториот вечерашен натпревар Бетис убедливо ја совлада Валенсија (3:0).

Атлетико Мадрид сега е четврти на табелата во Ла Лига со 16 бодови, но со меч помалку од ривалите, додека Бетис се искачи до седмото место со 12 бодови.

Треба да знаете
Последни објави