Search

Италијанската фудбалска легенда го освои срцето на гламурозната поранешена ТВ репортерка: „Не мислев дека можам да се заљубам во фудбалер“

Џанлуиџи Буфон е неприкосновена легенда на фудбалот. Еден од најдобрите голмани во историјата на оваа игра. За репрезентацијата на Италија забележа 176 настапи со која во 2006 година ја освои титулата светски шампион во Германија. За торинскиот Јувентус бранеше 19 сезони и освои десет Скудети. Покрај титулата во Италија, со ПСЖ го има и францускиот шампионат, кој го бранеше две сезони.

Во август 45-годишниот Буфон (ја започна својата фудбалска приказна како голман на Парма) објави крај на својата импресивна кариера. И сега легендарниот Џиџи, како што најавуваат италијанските таблоиди, конечно ќе реши некои приватни обврски и „проблеми“.

Имено, Буфон следната година има намера да се ожени со својата долгогодишна вереница (од 2017 година) Иларија Д’Амико. Двојката се запознала во 2014 година, веднаш по разводот на Буфон од неговата прва сопруга, чешката манекенка Алена Середова.

Денес, 50-годишната Иларија Д’Амико е добро познато име во италијанскиот шоубизнис. Иларија, иако образувана за адвокат, се здоби со популарност како водителка на италијанскиот Sky Sport, а оствари и неколку актерски улоги. На нејзиниот Инстаграм профил има над 55.000 следбеници, со кои споделува увид во сите аспекти од нејзиниот живот, од гламурозни кадри од црвениот тепих до семејни фотографии (таа го има синот Леополд со Буфон и Пјетро од првиот брак).

Иларија признава дека на почетокот имала предрасуди кон Буфон.

Мислев дека никогаш нема да можам да се заљубам во фудбалер, а потоа почнавме да разговараме на хуманитарен настан и се зближивме. Бевме во сличен емотивен момент. Имавме потреба да се слушаме. Сè започна многу брзо и сакавме да ги поврземе нашите два света – изјави Д’Амико за Кориере.

Треба да знаете
Последни објави