Search

Петровска од Бугарија: Секое вложување во Армијата значи инвестирање во нашата иднина и безбедност

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска по посетата на македонските и бугарските војници кои се дел од мултинационалните сили на НАТО во Бугарија објави дека секој влог во Армијата е влог во иднината и безбедноста.

„Заедно со мојот колега Тагарев ги посетивме македонските и бугарските војници кои се дел од мултинационалите сили на НАТО во Бугарија.

Заедно сплотени, тие ги бранат интересите на НАТО и подготвени се да го гарантираат мирот и безбедноста на секоја педа сојузничка територија.

Им честитам на македонските војници и на сите нивни колеги од мултинационалните сили на Алијансата! Секое едно вложување и инвестирање во нив значи инвестирање во нашата иднина и во нашата безбедност и затоа ја заслужуваат нашата поддршка“ стои во објавата на Петровска на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави