Search

Македонија ЃП поуспешна од АП Брера на отворањето на деветтото коло од ПМФЛ

Минимална победа со 1:0 забележа екипата на Македонија ЃП попладнево на домашен терен во првиот натпревар од 9. коло на Првата македонска фудбалска лига.

Стрелец на победничкиот гол за ѓорчепетровци беше Јован Попзлатанов во финишот на првото полувреме.

Другите натпревари од ова коло се играат утре:
Брегалница – Вардар
Гостивар – Шкендија
Работнички – Тиквеш
Шкупи – Струга ТЛ
Силекс – Воска.

Почетокот на сите натпревари е во 14 часот

Табела: Шкендија 16 бода, Струга ТЛ 15, Шкупи 15, АП Брера 14, Силекс 13, Тиквеш 13, Македонија ЃП 11, Работнички 10, Брегалница 9, Воска 7, Гостивар 6, Вардар 4. 

Треба да знаете
Последни објави