Торнадо на Санторини крена и преврте куќа 

Торнадо на Санторини во Грција крена и преврте куќа. На социјалната мрежа ТикТок се појави видео на кое се гледа како силен ветер превртува куќа. Очевидците кои ја снимиле оваа неверојатна глетка велат дека куќата била празна и за среќа немало жртви во овој инцидент.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис им нареди на службите за итни случаи и војската да помогнат во поставувањето на одбрана од поплави во северниот регион на Тесалија и другите  погодени региони. Грчките пожарникари евакуирале повеќе од 3.000 луѓе меѓу вторникот и средата. По невремето, во Грција се активирани свлечишта и се уништени патишта. 

Видеото можете да го видите тука. 

Треба да знаете
Последни објави