Search

Потпретседателот во оставка на Српска листа – Радоичиќ ја презеде одговорноста за нападите во Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска соопшти дека Милан Радоичиќ поднел оставка на функцијата потпретседател на Српска листа. По оваа лиферувана вест се огласи и Радоичиќ со соопштение кое го прочита неговиот адвокат, да информира дека ја презема одговорноста за нападите на Косово, кои се случија во неделата.

Косовските власти веднаш по инцидентот во селото Бањска во кој загина косовски полицаец и четворица членови на вооружената група соопштија дека зад овој чин стои Радоичиќ.

-Ја известувам јавноста дека заедно со моите сонародници од северот во Косово и Метохија, дојдовме до село Бањска, на 24 септември. Причината за нашето враќање беше да го поттикнеме српскиот народ од тој крај да се спротивстави на теророт на кој е секојдневно изложен. Ги известувам сите дежурни прогонувачи на српскиот народ, од Курти до бројни странски помагачи, дека лично ги направив сите логистички подготовки за одбрана на народот, а овој чин нема никаква врска со мојот претходен политички ангажман. Никого не известив за тоа, дури ни српските власти, ниту пак добив помош од нив бидејќи веќе имавме различни ставови за теророт на Курти, стои  во писмото од Радоичиќ.

Радоичиќ со години се споменуваше како контроверзен бизнисмен на северот на Косово, поврзан со многу криминални дела, од нелегална трговија со градежен материјал до убиството.

Во писмото тој пишува дека сите досегашни методи на отпор не довеле до подобрување на животот, туку до зголемување на бруталноста на режимот на Курти, поради што решил така да постапи.

Треба да знаете
Последни објави