НАТО одобри распоредување на дополнителни сили во Косово

НАТО соопшти дека одобри дополнителни сили да бидат распоредени во северниот дел од Косово поради зголемените тензии.

„Секогаш ќе обезбедиме нашиот командант да ги има потребните ресурси и флексибилност за да може КФОР да го исполни својот мандат“, се вели во изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој, исто така, повика на „итна деескалација“ на ситуацијата.

„Продолжуваме да ги повикуваме Белград и Приштина да се вклучат во дијалогот со посредство на ЕУ како единствен начин за решавање на отворените прашања и постигнување решенија кои ги почитуваат правата на сите заедници. Ова е клучно за одржлива безбедност во Косово и стабилност во регионот“, стои во соопштението објавено на официјалната веб-страница на НАТО.

Треба да знаете
Последни објави