Search

Медведев: Алкараз ќе ја заврши годината пред Ѓоковиќ

Рускиот тенисер Даниил Медведев смета дека Карлос Алкараз има најголеми шанси да ја заврши годината на врвот на АТП листата.

Медведев моментално се наоѓа во Пекинг каде успешно го започна турнирот со победата над Томи Пол (6:2, 6:1).

„Каде и да одам се трудам да бидам шампион, така што сонот за број еден е сè уште жив. Сепак, свесен сум дека сум далеку од тоа и дека треба да се обидам да бидам меѓу првите две и да останам доволно блиску за да го престигнам на почетокот на 2024 година“, изјави Медведев, пренесува Б92.

Потоа се осврна на борбата за местото најдобар до крајот на годината меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз. Русинот го преферира младиот Шпанец.

„Мислам дека Новак нема да игра многу турнири, па логиката налага Карлос Алкараз да заврши како број еден на крајот од годината. Што се однесува до мене, ќе дадам максимум на сите турнири на кои ќе играм“, заврши Медведев.

Треба да знаете
Последни објави