Search

Вучиќ, Орбан и Ал Нахјан во Белград разговараа за соработка во областа на храна, енергија и транспорт

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска разговараше со унгарскиот премиер Викотор Орбан и со принцот претстолонаследник  на Обединетите Арапски Емирати Калед бин Мохамед бин Зајед Ал Нахјан за соработката во областа на храната, енергијата и транспортот.

Вучиќ на прес-конференцијата изјави дека разговарале и за логистика, бидејќи Србија и Унгарија немаат пристаништа и зависат од други земји како Романија и Грција, поради што мора да најдат нови решенија за увоз и извоз на стоки.

Тој додаде дека разговарале за можноста за формирање заеднички компании од областа на сточарството, особено говедарството и овчарството и оти е неопходен развој на земјоделската структура, бидејќи Србија има само пет до шест проценти покриеност со системот за наводнување.

Вучиќ изјави дека разговарале и за формирање заеднички компании за нафта и гас и дека треба да се намали зависноста од постоечките извори.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека економската и политичката соработка меѓу Србија е успешна и експлицитна, а тоа што Србија не е во Европската Унија не е пречка туку нова можност.

Тој посочи дека целта на средбата е да се претстави српско-унгарската соработка пред Обединетите Арапски Емирати.

Орбан рече дека Унгарија секогаш била на страната на дијалогот во секој конфликт и дека никогаш не поддржала санкции против ниту една земја. 

Треба да знаете
Последни објави