Search

Борусија Дортмунд ќе преноќи на првото место

Борусија Дортмунд со гостинската победа против Хофенхајм (1:3) во првиот натпревар од 6. коло во германската фудбалска бундеслигашка конкуренција и го запоседна врвот барем на еден ден. Борусија Дортмунд е лидер со 14 бода, еден повеќе од Баерн Минхен и Баер Леверкузен, а два пред Штутгарт и Лајпциг кои своите натпревари ќе ги одиграат утре. Зад водечката петорка со 12 бода остана Хофенхајм.

„Милионерите“ рано дојдоа во водство, со гол на Фулкруг во 18. минута поведоа со 1:0, но нивната предност траеше само седум минути кога Крмариќ изедначи на 1:1.

Во судиското продолжение од првото полувреме, Марко Ројс даде гол за ново водство на Борусија Дортмунд од 2:1.

Дортмунд преку 20 минути играше со фудбалер помалку откако Бенсебаини заработи втор жолт картон во 71. минута. Хофенхајм се обидуваше да го искористи тоа, но не успеа.

Во 95. минута Борусија Дортмунд постигна уште еден гол, стрелец беше Рирсон за конечни 3:1.

Треба да знаете
Последни објави