Search

Барса се израдува на слатка победа со автогол на Рамос

Слатка победа со автогол на Серхио Рамос, забележа Барселона во 8. коло од шпанската фудбалска Ла Лига против Севилја (1:0) во меч кој се одигра на Олимпискиот стадион „Монжуик“, бидејќи култниот „Кам Ноу“ се реновира.

Натпреварот изобилуваше со шанси, ги имаше и на двете страни, но повеќе креираа фудбалерите на Барселона кои имаа неколку идеални прилики. Сепак единствениот гол на мечот беше дело на Серхио Рамос кој во 76. минута ја погоди сопствената мрежа.

Барселона времено се вратни на лидерската позиција со 20 бода, еден повеќе пред Жирона и два од лутиот ривал Реал Мадрид, кои утре во рамките на ова коло играат меѓусебе. 

Треба да знаете
Последни објави