Search

Косовската полиција објави како изгледа запленетата вила на Радоичиќ и го спореди со Пабло Ескобар

Косовските власти го заплениле имот на Милан Радоичиќ на северот во Косово, во рамките на акциите за претрес поврзани со нападот на косовската полиција во селото Бањска кој се случи во неделата.

Потпретседателот во оставка на партијата Српска листа, Милан Радоичиќ, кој денеска призна дека го организирал и раководел со нападот на косовската полиција на 24 септември кога се убиени еден косовски полицаец и четворица членови на вооружената група од српска националност.

Претреси се извршени на пет локации во општините Северна Митровица, Звечан и Зубин Поток, „во главно на имотот кој сега е идентификуван како имот на осомничените М.Р и В.Р“, се вели во соопштението на Специјалното обвинителство, мислејќи се на иницијалите на Радоичиќ и Владимир Радивојевиќ.

Косовскиот министер за полиција Џељај Свеќља објави видео од внатрешноста на вилата на Радоичиќ на брегот на езерото Газиводе, нарекувајќи го српскиот контроверзен бизнисмен Пабло Ескобар од регионот.

Треба да знаете
Последни објави