Најмалки две лица се убиени во пукотница во холандскиот град Ротердам, соопшти тамошната полиција. Осомничен за пукотницата е студент од универзитетот Еразмус, во чиј рамки се наоѓа и универзитетска болница.
Засега е познато дека на две локации убиена е една жена на возраст од 39 години како и универзитетски професот (42 г.). Шефот на локалната полиција соопшти дека во пукањето тешко ранета е ќерката (14 г.) на убиената жена.
Засега мотивите за пукањето и убиството не се познати.
Претходно светските медиуми објавија дека во пукотницата во универзитетската болница и во една куќа имало убиено повеќе лица, а дека напаѓачот (32 г.) облечен во маскирно одело е уапсен.