Спасовски за Денот на Бошњаците: Вие сте неизоставен од мозаикот на Македонија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка до Бошњачката заедница по повод Меѓунадордниот ден на Бошњаците

„Дозволете ми во свое и во име на МВР да ви го честитам 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците, со желби за добро здравје и просперитет, како и индивидуални и колективни успеси.

Република Северна Македонија има длабока почит кон граѓаните Бошњаци, кои се дел од богатиот културен, јазичен и религиски мозаик на нашата земја. Токму затоа, Бошњаците се неизоставен дел од нашиот концепт „Едно општество за сите”, бидејќи сме сплотени во заедничката идеја за негување на културните и идентитетски различности и традиции, за еднакви можности за сите, за повисоки стандарди за сите, за заедничка европска иднина.

Тоа е влог во развојот на силно демократско општество со суштински меѓусебни односи, во кои сите се еднакво значајни и вредни и тоа во сите сегменти на општественото живеење.

И, токму сплотеноста е симболот кој не’ поврзува, за што говори и овој значаен ден за Бошњаците, кога на собор во Сарајево бошњачкиот народ го враќа своето национално име – Бошњак. Секако, со Босна и Херцеговина имаме силно партнерство и одлична билатерална и регионална соработка, особено во сферата на безбедноста и внатрешните работи, кои се вистински катализатор за нашата европска интеграција.

Уверен сум дека бошњачката заедница ќе продолжи да дава значаен придонес кон нашата европска иднина. Заедно продолжуваме да градиме пријателства кои не’ поврзуваат на сите нивоа во нашиот заеднички мултикултурен дом.

Нека е честит Денот на Бошњаците, уште долги години заедно да го одбележуваме вашиот празник“ стои во честитката на Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави