Search

Почина и девојчето кое беше рането во пукотницата во Ротердам

Девојчето (14 г.) кое беше погодено во пукотницата во Ротердам им подлегнало на повредите, соопшти холандската полиција. Бројот на жртвите се искачи на три лица. Вооружен напаѓач (32 г.) во Ротердам, денеска уби три лица – една жена (39 г.) и нејзината ќерка во нивниот дом и професор (46 г.) во амфитеатар во универзитетската болница.

Осомничениот 32-годишен студент првин ги застрелал 39-годишна жена која живеела во неговото соседство и нејзината 14-годишна ќерка. Девојчето подоцна починало во болница.

Откако ја запалил куќата на убиената, напаѓачот отишол во Универзитетската болница на Медицинскиот центар во Ротердам, каде влегол во амфитеатарот и го убил професорот. Мажот бил уапсен во близина на болницата, каде што подметнал пожар. Неговиот мотив е непознат.

„Шокирани сме од страшниот инцидент. Пукање имаше на две различни места во градот. Многу луѓе беа сведоци на тоа“, изјави градоначалникот на Ротердам Ахмед Абуталеб. Главниот обвинител Хуго Хиленар рече дека осомничениот ѝ бил познат на полицијата и дека бил кривично гонет и осуден за злоупотреба на животни во 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави